Цел блок згради во Кина случајно бил изграден така што
блокирал половина автопат, па шокираните локални власти морале да
направат обиколница околу зградата, бидејќи сфатиле дека иселувањето на
станарите ќе ги чини многу повеќе.
Овие станари неодамна биле иселени од своите претходни домови за владата да може да направи парк токму на тоа место.
Поради ова владата одлучила да издвои мало богатство за на луѓето да им изгради нова зграда во која ќе живеат, меѓутоа направиле грешка во проценките па зградата завршила на сред автопат.
"Живеевме во друг крај, таму сакаа да направат голем парк. Ни ветија дека ќе ни изградат нов модерен блок во кој ќе живееме, а завршивме овде", вели Шинг Шу.
"Живеевме тука неколку месеци кога сфативме дека изградиле еден блок повеќе и дека тој се наоѓа на место каде што треба да поминува автопат", додал тој.
Кога ја увиделе својата грешка, од владата почнале да преговараат со станарите, но тие сега барале поголема компензација. Откако пред неколку месеци преговорите пропаднале, владата решила да гради околу проблемите, и тоа буквално.
"Не е дека многу ни се допаѓа да бидеме заглавени на сред 60 метри широк автопат, но се навикнавме. Доколку ни понудеа некоја пристојна понуда ќе се преселевме, а вака ќе мора да ја прифатиме оваа ситуација", изјавил Шинг, еден од станарите на оваа необична зграда.