Моника Јакшиќ го покажала телото со кое го "полудела" Џорџ Клуни

Откако ја прекина врската со Стејси Киблер, медиумите се повеќе го поврзуваат Џорџ Клуни со Хрватката Моника Јакшиќ. Таа за тоа време снима секси едиторијали.
Хрватската сензација, како што западните медиуми ја нарекуваат убавата 33-годишна Моника Јакшиќ, со последниот секси едиторијал потврдила дека го заслужува тој прекар.


На фотографиите може да се види Моника како позира во долна облека и бикини кои убаво го истакнуваат нејзиното затегнато тело.


Хрватката и 52-годишниот актер наводно се гледале со прекини од 2004-тата година, а странските медиуми пишуваат дека врската ја обновиле минатиот месец. Темел за овие тврдења била изјавата на неименуван извор, кој рекол дека Моника на 25-ти септември ја поминала ноќта во неговата вила во Лос Анџелес.


Дека повторно се заедно се пишувало уште додека актерот бил во врска со Стејси Киблер, меѓутоа Клуни ги демантирал тие наводи и им порачал на таблоидите да престанат да измислуваат скандали кои не постојат. Актерот и Киблер во јули ја прекинале својата двегодишна врска.


Засега ниту Моника ниту Џорџ не потврдиле дали се повторно заедно.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О