Руни ја откри причината за неговото незадоволство

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни беше незадоволен од својата позиција на теренот, па ова лето можеше да се случи да го промени клубот.
,,Сите во клубот знаеа каде сакам да играм и затоа бев разочаран. Завршив во средината на теренот, а не го сакав тоа. Мислев дека дојдов до фаза од кариерата кога морав да бидам малку себичен'', изјави Вејн Руни на прес-конференцијата алудирајќи на ротациите кои ги правеше Фергусон.

,,Всушност чувствував дека играм добро во средниот ред, но не сакав да играм таму. Во минатото немав проблеми со тоа да не играм на мојата позиција, но чувствував дека тоа го заслужив. Нормално дека бев разочаран и можеби тоа влијаеше на мојата игра на некои натпревари. Знам дека минатата сезона не беше мојата најдобра сезона, но имаше моменти кога играв на различни позиции. Сметав дека не добивам доволно шанси во нападот. Понекогаш кога не играте на иста позиција тешко ви е да се прилагодите'', изјави Руни кој иако јавно проговори за своите причини за незадоволсто, во текот на летото ниту еднаш не рече дека сака да си замине од Јунајтед.

,,Да бидам искрен, мирен бев цело лето. Бев среќен цело лето иако од надвор тоа не изгледаше така. Ја подигнав главата и работев напорно. Фокусиран сум и сакам да им докажам на луѓето дека сум врвен играч'', изјави Руни и одговори во врска со двете понуди кои ги испрати Челзи на адреса на Јунајтед.

,,Не сакав ништо да зборувам, туку да се фокусирам само на фудбал, а мислам дека клубот беше многу јасен. Не сакав да одам наоколу и да зборувам дали сакам или не сакам да го напуштам Јунајтед. Ќе продолжам да се фокусирам само на фудбал, па ќе видиме што ќе биде'', заклучи Руни.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О