Атрактивниот пејач гордо ги покажува резултатите од напорното вежбање

Многубројните обожавателки на Ашер веројатно дополнително ќе "полудат" по атрактивниот пејач, откако ќе ги видат резултатите од секојдневните напорни вежби.
Имено, поради улогата на боксерот Шугар Реј Леонард во филмот "Hands of Stone", пејачот Ашер признал дека секојдневно вежба по програма наменета за професионалните спортисти, а резултатите од вложениот труд, односно своето совршено дефинирано мускулесто тело, тој ги покажал во ноемвриското издание на магазинот "Men's Health".


"Мојата посветеност на оваа улога бара, не само да се подготвам физички, туку да се претворам во него. Косата, личноста, манирите, сето тоа мора да биде како неговите, а тој е неверојатен човек", објаснил Ашер кој, иако сега изгледа совршено, признал дека поминал низ многу напорен, но и болен процес.


"Вториот ден од вежбањето отидов во теретана. Боксував, па со велосипед се вратив дома. Јас сум човек кој може да ја игнорира болката. Со својот ум заминувам некаде на друго место, но секогаш страдам", додал Ашер.


Сепак, само еден поглед кон објавените фотографии е доволен за да се заклучи едно: Болката се исплатела затоа што резултатите се совршени!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О