Вознемирувачка фотографија: Жена се породила на тревник бидејќи не сакале да ја примат во болница!

Вознемирувачката фотографија од Ирма Лопез, припадничка на мексиканското племе Мазатек, која се породила на тревник бидејќи одбиле да ја примат во болница, предизвикала бурни реакции од јавноста.
Поради овој инцидент директорот на здравствениот центар добил отказ, а медицинските сестри кои жената на сред пораѓање ја пратиле дома, се правдаат со недоразбирање.

Моментот во кој 29-годишната Лопез на свет носи бебе на тревникот пред болницата, откако на истото место 2 часа претходно се превртувала од болки, го овековечил еден случаен минувач. Откако фотографијата им ја предал на новинарите, таа брзо го обиколила Мексико, а во јавноста настанала бура, чиј епилог бил смена на др. Адриан Круз, директор на болницата.


Лопез со породилни болки на 2. октомври се појавила во клиниката во Оаксаки, заедно со својот сопруг, припадник на истото племе. Бидејќи никој од нив не зборувал шпански јазик, единствено што можеле да разберат од медицинските сестри на влезот било "не".

Откако на жената и била скратена помошта, парот ја напуштил клиниката, но несреќната жена, на која кратко потоа и пукнал водењакот, останала на тревникот пред болницата и два часа врескала во агонија, додека на крајот самата не се породила.

"Не сакав на овој начин да го донесам своето дете на свет. Беше грозно и незамисливо болно", вели оваа мајка, која во моментот на пораѓањето останала сама, бидејќи сопругот се обидувал да ги убеди медицинските сестри да и пружат помош, на што тие останале неми.


Случајот бил прогласен за дискриминирачки кон малцинството во Мексико, што е честа појава во оваа држава. Овој инцидент згрозил и голем број на организации кои се борат за правата на малцинствата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О