Доби вработување како самохрана мајка, а со сопругот слави пред екипата на Сител?!

Изборот за 1.600 вработувања кој во неделата јавно се одржа на програмата на МТВ извади на површината повеќе скандали. Една од среќните добитнички која јавно преку телевизиските екрани го славеше добиеното вработување, Весна Билбиловска, беше претставена како сопруга и мајка на 5 деца, бремена со шесто, а вработувањето го добила меѓу другото и заради тоа што, верувале или не, била самохрана мајка, објави порталот Либертас.

Немав верба, викам, нема шанси јас, и пријателите кога се јавија бев стаписана, многу возбудена, почнав да плачам, децата се исплашија, мислеа, којзнае што се случи. Го викнав сопругот, беше тој пред зграда, брзо Влајко дојди дома, јас плачев…  - вели меѓудругото Билбиловска.

Како што објави и Сител телевизија, ова многудетно семејство се издржувало само со платата на сопругот на Весна. Но, ако се провери нејзиното име на официјалниот сајт на „Македонски шуми“,  може да се види дека Весна добила 20 поени во категоријата за самохрани и еднородителски семејства, а има поени и во категориите „број на деца во семејството“ и „приходи на домаќинство“.

Како што се вели во прилогот на Сител, ова многудетно семејство се издржувало само со платата на сопругот на Весна.

Сепак, ако се провери нејзиното име на официјалниот сајт на Македонски Шуми, може да се види дека Весна добила 20 поени во категоријата за самохрани и еднородителски семејства, а има поени и во категориите „број на деца во семејството“ и „приходи на домаќинство“.

bilbilovska samohrana
Кликнете на фотографијата за поголеми димензии

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О