Радмила Шекеринска, заменик претседател на СДСМ
Скопје, 10.10.2013 година
Почитувани,
Граѓаните во една скопска општина и кажаа НЕ на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку месеци, но власта е глува.
Пробаа да ја освојат општина Центар со Пустец. Не успеаа.
Пробаа да ја заземат со лажни протести и каменување на зградата. Не успеаа.
Пробаа да ја преземат општина Центар со петмесечна опсада и притисоци од сите државни институции. Пробаа да купат и да уценуваат советници. Не успеаа.