Новиот оператор Albafone почнува со работа: Ќе се зборува само на албански!

Четвртиот мобилен оператор фокусиран на албанската заедница, Albafone, започнува со работа од утре, 11 октомври. За почекот операторот ќе подели по 1.000 броеви во двете продавници кои ќе се отворат во Скопје. Префиксот кој ќе се користи е 073.

albafone

Иако операторот ќе биде достапен за сите македонски корисници, сепак целта му е да работи само со албанската заедница која, според директорот Ардиан Хоџа, „ќе се третира онака како што заслужува, рамноправно, со почит и на мајчиниот јазик“. Според мотото „Зборуваме на албански“ рекламите и јавната комуникација на компанијата се исклучиво на албански јазик. Но, ваквата стратегија може да биде контра-продуктивнa за мобилниот пазар на кој му треба поголема конкуренција за помали цени и подобри услуги, не сегментација по национална основа. Сè уште нема детали за услугите и цените за телефони кои ќе ги понуди овој оператор.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О