Силното невреме направи хаос
Силно невреме го зафати поширокото подрачје на Загреб, предизвикувајќи
проблеми во сообраќајот, јавија хрватските медиуми. Поради завчерашното
невреме, вчера сите дежурни екипи биле на терен, противпожарната станица
во Загреб во текот на ноќта имала околу 50 интервенции, а во тек беа
уште четириесетина. Силниот ветер урнал дел од главната зграда на
стариот Паромлин, а опасност од уривање имало и на останатиот дел од
градбата, пишуваат медиумите. Облачно време со силни врнежи, ветер и
студ, како што претходно предвидоа метеоролозите, го имаше и во текот на
првиот работен ден од неделата низ цела Хрватска. Метеоролозите
најавија врнежи од снег во Горски Котор и Лика со можност за кратко
создавање на "бела прекривка".