Ново од "Мерцедес": Брза луксузна јахта

„Мерцедес“ ги покажа сите можности на својот дизајнерски тим, кога минатиот викенд во Монако го претстави лукузниот концепт на новата јахта.
Јахтата која ќе ја произведува „Мерцедес“ е наречена „Arrow460 - Granturismo“, а истата е опишана како „сребрена морска стрела“.

Како што самото име кажува, јахтата е инспирирана од дизајнот на легендарниот болид на „Мерцедес“, „F1“. Самиот концепт е направен во соработка со компанијата „Silver Arrows Marine“, која планира концептот да го спроведе на дело.


За сега концептот е изработен само како макета, додека финалната верзија би била долга околу 15 метри. Ќе ја движат два „Yanmar“ дизел мотори со по 480 коњски сили, што на јахтата би ѝ овозможило максимална брзина од преку 40 јазли.

„Silver Arrows Marine“ веќе почна да прима порачки, а првите испораки се очекуваат во почетокот на 2015-та година. Првите десет произведени примероци ќе бидат дел од специјалната „Edition 1“ серија, која во рамки на стандардната опрема донесува многу луксузни додатоци, кои подоцна на купувачите ќе им бидат достапни само со доплата на основните 1,25 милиони евра.






ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О