Вкусни коцки мраз за малку поинаков пијалак

Калапите за мраз може да се употребат за повеќе работи, а не само за замрзнување вода која ќе ви го разлади пијалакот - да изладите вино, да направите кафе-коцки, да подготвите мини чоколадни десерти и многу други нешта.



Во продолжение неколку идеи за подготвување на вкусни замрзнати коцки, кои ќе ви го однесе искуството на пиење на пијалаци на друго ниво.

1. Мраз со вкусно овошје



Ова е одличен начин да ја разладите и да и дадете овошен вкус на чашата вода или сок. Не мора да се ограничувате на јагода - ставете вишна, цреша, боровинка, малина и слично.
2. Ладни благи коцки за ладно кафе



Има повеќе варијации на рецептите за коцки што би оделе во вашето кафе или чаша млеко. Во калапот може да ставите млеко и малку какао, млеко и искршено чоколадо, парче овошје и друго.

3. Коцки леден чај



Подгответе чај и истурете го во калапите за мраз, за да добиете вистинска ледена верзија на чајот.

4. Ладни кафе коцки



Направете кафе и ставете го во калапи за мраз. Одличен збор за топлите летни денови - само ставете ги замрзнатите коцки во чаша и полијте ги со млеко.

5. Мохито коцки



Со вакви коцки мраз во секое време ќе бидете спремни за мохито коктел. Ви треба само парче лимета, ливче ментол и калап за мраз.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О