Задолжителен психијатрски преглед за сите што сакаат да се иселат од Македонија

Министерот за здравство, Никола Тодоров, најави нова здравствена реформа која освен на здравјето ќе влијае и на негативниот тренд на иселување од нашата земја, посебно на младите.

- Да ви кажам право, доста размислував за овој проект, еве, веќе четири ноќи не спиев, мислев, мислев, и смислив! Значи, во рамки на дневните центри за лекување депресија, ќе воведеме еден специјален оддел, во кој ќе има психијатри кои ќе работат со сите оние што сакаат да се иселат од Македонија – рече Тодоров.

Како што најави министерот, ќе се воведе задолжителен психијатрски преглед за секој што сака да ја напушти татковината и да си ја бара среќата на друго место.

- Абе тоа ме мачи со години веќе и никако не можам да им се изначудам на сите млади, па и стари, што си одат од земјава. Што ѓавол ги тера? Да не им има некој магии направено? Или пак им фали нешто. Нема друго, сигурно им фали нешто! Па кај се бегало од ваква прекрасна земја бе?! Затоа секој што ќе биде фатен на аеродром или на некој граничен премин како си оди, ќе мора да биде прегледан од психијатар кој ќе оцени што точно му фали, и поради што точно ја донел таа погрешна одлука. Откако ќе биде определена дијагнозата, пациентот ќе биде подложен на терапија со која ќе му биде укажано на грешката што ја прави, а откако ќе се разубеди ќе може да се врати на својот секојдневен живот – изјави министерот Тодоров.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О