Реал Мадрид вчера беше поразен од Шалке со 3:4 на „Сантијаго Бернабеу“, а иако „Кралевите“ се палсираа во четврт-финалето, сепак навивачите на Реал беа доста незадоволни од изданието на нивните „миленици“ и ги исвиркуваа за време и после натпреварот.
Незадоволните навивачи со бели шамивчиња ги испратија избраниците на Карло Анчелоти во соблекувалната. Играчите се обидоа да „побегнат“ и да го сокријат срамот, а меѓу нив беше и Кристијано Роналдо. Кога тоа го забележа Касиљас, буквално почна да им наредува на неговите соиграчи да ги поздрават навивачите.