Поради тешко злосторство, како деца завршиле во затвор: Излегуваат во вистинскиот свет, и не знаат што ги чека

Братот и сестрата, кои како деца биле осудени на 18 години затвор за убиство извршено во 1999. година, ќе бидат ослободени во наредните неколку седмици, по 16 години минати зад решетки.

12-годишниот Куртис Џонс и неговата 13-годишна сестра Кетрин, го земале пиштолот на својот татко и ја убиле неговата 29-годишна девојка Соња Спејтс на семејниот имот во Коко Бич.

Медиумите првобитно известувале дека ја убиле поради љубомора, откако нивниот татко им соопштил дека сака да ја ожени, но документите и извештаите на службите за заштита на деца, укажувале на тоа дека Куртис и Кетрин биле жртви роднина кој живеел со нив и сексуално ги злоставувал, пренесува Florida Today.



Децата планирале да го убијат него, нивниот татко и неговата девојка, бидејќи никој не реагирал на нивните очајнички повици за помош.

Откако биле уапсени, ја признале вината за убиство од втор степен и биле осудени на по 18 години затвор, и доживотна условна казна.


Во интервјуто за весникот USA Today од 2009. година, Кетрин Џонс изјавила дека се кае што одземала нечиј живот, но дека била подготвена да направи сè што е потребно за злоставувањето да престане.

"Во еден момент бев толку среќна што сум далеку од сè", изјавила таа, истакнувајќи дека е свесна за своите постапки, но дека единствено важно и било да биде далеку од сè, сама и безбедна.

Без контакт во светото кој се променил

Miami New Times наведува дека братот и сестрата, кои денес имаат 29 и 30 години, ќе го напуштат затворот, а дека никогаш пратиле СМС порака, ниту пак се обиделе да возат автомобил.

Куртис ќе го напушти затворот како свештеник со неколку тетоважи на телото, а Кетрин се спријателила со припадник на морнарицата, кој се заинтересирал за нејзината судбина.


Таа вели дека е свесна дека нема да биде лесно по 16 години да се врати меѓу луѓе.

"Бидејќи тинејџерските години и најголемиот дел од адолесценцијата ги минав зад решетки, се враќам во свет кој е многу поразличен од тој кој го оставив зад себе", напишала Кетрин во писмото до весникот Florida Today.


"Нормално дека се плашам. Помислата на тоа дека имам 30 години и дека целосно зависам од други луѓе кои треба да ме научат да функционирам како нормална личност ме плаши: да возам, да пишувам молби за работа, да праќам СМС пораки, да се облекувам за работен разговор, да обезбедам животно и здравствено осигурување", вели Кетрин.

"Ќе излезам од затвор и нема да знам ништо повеќе од тоа што сум го знаела кога сум имала 13 години", вели таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О