12 години живеела во брак без секс: „Се чувствував грдо и непосакувано”

Сè поголем е бројот на бракови во кои партнерите стануваат странци во кревет, а Лиза Томпсон одлучила да прозбори за своето горко искуство...

Не е здраво да се биде во брак без секс, затоа што тогаш женската самодоверба трпи голем притисок, тврдат експертите. Лиза Томпсон е сега во среќна врска и се чувствува сакано и убаво. Меѓутоа, претходно, 12 години била во лош брак со својот партнер.

Глобалните истражувања покажуваат дека половина од паровите водат љубов неколку пати месечно, а секој петти пар помалку од десет пати годишно. За жал, темата недостаток на интимност во бракот е се уште табу и не се зборува многу за тоа.

„Ако чувствувате срам поради тоа што вашиот брак дошол до тоа да не се сеќавате како изгледа кога тој интимно ќе ве допре, знајте дека не сте сами. Со децата и нивните потреби и барања, полесно е да се потоне во лоша навика, отколку да се запрашате што навистина не е во ред“, напишала Лиза Томпсон за сајтот DivorcedMoms.com.

Таа вели дека тоа е погрешен став и дека никако не би требало да се занемарува проблемот на недостаток на секс како показател дека бракот е во сериозна криза.

„Бев во врска без секс и почнав да се чувствувам грдо. Не сум нимфоманка туку нормална и здрава жена со нормална желба и потреба за секс со саканата личност. Одвај можам да замислам нешто посурово во врската од тоа да се чувствувате непосакувано и несакано“.

Неодамна, Лиза размислувала за патување во Италија со, сега поранешниот, сопруг и сè и` било многу појасно. Немала интимност со поранешниот сопруг, а тој цело време ја занемарувал и како да се трудел да се почувствува непосакувано. Ја оставал да седи сама и не ја ни забележувал, пренесува Huffington Post.

„Не бев свесна во тој момент колку бев убава. Дури сега ја гледам таа своја изгубена убавина и срам ми е што дозволив да живеам во однос без интимност. Денес, јас можам да бидам во тренерки и маица и да се чувствувам убаво. Во сексуално здрав однос, жената се чувствува убаво. Кога интимноста во врската е силна, сè останато доаѓа на своето место“, заклучила Лиза.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О