Ќе умре утре, на истиот ден како и нејзината мајка, Витни Хјустон!

Со оглед на тоа што докторите не даваат никакви надежи за подобрување на нејзината здравствена состојба, семејството на несреќната девојка одлучило да ја исклучи од апаратите кои ја одржуваат во живот на истиот ден кога почина и нејзината славна мајка.

Имено, семејството на Боби Кристина Браун одлучило и неа да ја исклучат од апаратите кои што ја одржуваат во живот на истиот ден, 11 февруари, кога овој свет во 2012 година го напушти и нејзината славна мајка, пејачката Витни Хјустон.



Американските медиуми објавиле дека семејствата Браун и Хјустон се помириле со фактот дека не можат да и помогнат на Боби и дека нејзината здравствена состојба нема да се промени, а идејата да почекаат до тој, за ова семејство исклучително важен датум, ја дала Киси Хјустон, мајката на Витни Хјустон.


Дваесет и едногодишната Боби Кристина, единственото дете на починатата музичка дива и музичарот Боби Браун, се наоѓа во медицински предизвикана кома откако во несвесна состојба беше пронајдена во када на 31 јануари.

Иако неодамна во медиумите се појавија информациите дека апаратите кои што ја одржуваат во живот веќе биде исклучени, нејзиниот татко Боби тоа жестоко го демантирал.

Сепак, семејството веќе организирало молитва за Боби Кристина и на истата присуствувале голем број на нејзини обожаватели, сте молејќи се за чудо.



Полицијата неодамна потврдила и дека се истражува целиот случај, пред се откако беше откриено дека на телото на Боби Кристина има необјасниви модринки, за кои постои сомнеж дека и ги нанел нејзиниот сопруг Ник Гордон, за кој нејзините пријатели велат дека бил насилен.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О