Полицаец застрелал 14-годишно дете во глава на демонстрациите во Венецуела!

ВНИМАНИЕ: ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Венецуелскиот полицаец убил 14-годишно дете во градот Сан Кристобал, за време на демонстрациите против социјалистичката власт, што подоцна предизвикало остри реакции од опозицијата и поголеми немири.

Полицаецот вчера со куршум во глава го убил 14-годишниот Клајверт Роа, за време на судирите помеѓу полицијата и демонстрантите во Сан Кристобал, на западот на Венецуела. Целиот случај ги преплавил социјалните мрежи и предизвикал поголеми немири. Опозицијата повикала да биде одржан митинг во Каракас и да се изврши истрага за убиството.


23-годишниот полицаец Хавиер Мора Ортис признал дека пукал во момчето со пластична муниција, соопштиле властите, а венецуелскиот претседател Николас Мадуро и другите владини претставници го осудиле за убиството брзо и енергично, пренела агенцијата AP.


На видеото и фотографиите се гледа како момчето лежи во локва крв со ранче на грбот, додека еден маж се обидува да го сопре крварењето. Момчето починало на пат кон болницата.


Собирите кои започнале како мали демонстрации против социјалистичката влада, за време на ноќта прераснале во голем протест во Сан Кристобал. Поголем број на продавници биле затворени, а блокиран è и јавниот превоз. Некои училишта во тој универзитетски град во близина на границата со Колумбија, најавиле дека наставата ќе продолжи.



Во телевизиското обраќање, Мадуро навел дека маскираните демонстранти користеле камења во нападите над полицијата, која се обидела да ги сопре во нивната намера. Тој ги повикал младите луѓе да се воздржат од конфронтации, но го осудил и убиството на малолетното момче.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О