Во првото видео се гледа како еден возач на Lada речиси губи контрола, но успева да се спаси во последен миг, а веднаш потоа компактниот Range Rover Evoque, возејќи многу побрзо од безбедното за такви услови, буквално полетува по ударот во оградата.
По падот од 20 метри, неверојатно е што возачот не само што ја преживеа несреќата, туку и со малку помош од случаен минувач успеал да ја отвори вратата и да замине без речиси никакви проблеми.