Протекоа фотографии од 16-годишната Анџелина Џоли во бикини

На интернет се појавија досега невидени фотографии на кои холивудската актерка Анџелина Џоли позира како модел во костими за капење...


39-годишната добитничка на Оскар се најде во центарот на вниманието откако на интернет осамнаа фотографии од 1991 година, кога младата Анџелина ја започнувала својата кариера како манекенка.


Јавноста сега има пристап кон тие фотографии на кои можеме да ја видиме Џоли како позира во црн костим за капење, провокативно црно боди и виолетово бикини.


Актерката повеќе пати досега говореше за своето бурно растење и проблемите со кои се соочувала во периодот на адолесценција, вклучувајќи депресија и напуштање на часвите по глума на Институтот за филм и театар Ли Стразберг.


Анџелина призна и дека имала проблематичен однос со својот татко, холивудскиот актер Џон Војт, а кога имала само 14 години, нејзината мајка дозволила постарото момче од актерката да се всели во нивниот дом.


„Уште во тинејџерските денови имав голем проблем – не ми поаѓаше од рака да се врзувам со други. Поминав доста време обидувајќи се да остварам нормален однос со други луѓе“, своевремено изјави актерката.











ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О