„Имате ли намера конечно да се занимавате со новинарство и да бидете вистински објективен новинра или и натаму ќе останете мегафон и микрофон на овој режим?“, е прашањето што на 11 февруари 2014 година му го постави пратеничката Соња Мираковска на главниот и одговорен уредник на Сител, Драган Павловиќ – Латас, на Надзорната комисија во собраниската комисија за политички систем, посветена за состојбата со медиумите.
Лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, на вчерашниот прес објави аудио снимки од телефонските разговори помеѓу новинарот Драган Павловиќ Латас и директорот на УБК Сашо Мијалков во кој се зборува за договарање за снимање на апсењето на Љубе Бошковски.
„Имате ли намера конечно да се занимавате со новинарство и да бидете вистински објективен новинар или и натаму ќе останете мегафон и микрофон на овој режим?“, е прашањето што на 11 февруари 2014 година му го постави пратеничката Соња Мираковска на главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ – Латас на Надзорната комисија во собраниската комисија за политички систем, посветена за состојбата со медиумите.
„Вашиот медиум е директен учесник во филмските апсења од страна на власта и на тој начин сте директен соучесник во овие режирани случаи. Вие како главен и одговорен уредник во Сител сте подеднакво одговорни за стотици полициски хајки кои преку вас се претворија во медиумски хајки против граѓани. Вие им правите медиумски линч прогласувајќи ги за виновни уште пред судот да каже дали тие имаат вина“, своевремено рече Мираковска.
А според Латас, токму ваквите прашања создавале притисок врз новинарите.
- Ова е притисок врз новинарите кој го прави вашата партија. Не е „Сител“ соучесник во апсењата бидејќи ниту бил на апсење, ниту снимал апсење. Се трудиме околу пресумпцијата на невиност, но факт е дека не секогаш успеваме – одговори Латас.