Пред објектот на Владата на Република Македонија, во мирна атмосфера, насобраните граѓани ги проследуваат снимките што денеска ги обелодени лидерот на опозицијата Зоран Заев, од разговори на сопственик и на главен уредник на водечки национални телевизии со шефот на тајната служба.
Одвреме-навреме се слуша „Убијци“ и „Грда ви е владата“, од насобраната маса, која мирно стои и ги следи снимките. Со полицијата која го обезбедува владиниот објект нема кошкања и дофрлувања - едноставно сите стојат на својата страна и нема дофрлувања и упатување навреди.