Од минута на минута расте бројот на демонстрантите пред Влада

Од минута во минута се зголемува бројот на граѓани пред објектот на Владата, кои излегоа на протест по третата „бомба“ која денеска ја обелодени СДСМ.

Чести се скандирањата „Уа!“ и „Убијци“. На полициската барикада се залепени листови на кои се испринтани зборовите Убијци, Психопати и Садисти.

Има и зголемено присуство на полиција.

„Треба кон Владата да се свртите и нас да не браните од нив!“ довикуваат граѓаните кон полицајците.

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, неколку часа порано објави аудио записи од разговори на владини функционери кои покажуваат монтирани полициски акции и директна контрола на медиумите.




ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О