Прости ни Тамара што нашата наведната глава не ти дозволи да одиш исправено и гордо!

Се надевам дека Тамара го најде својот мир, затоа што ние тука не и го дадовме. Ниту нејзе, ниту на нејзиното семејство. Кој ќе ја превземе одговорноста?!?

Родителите на Тамара побараа помош од граѓаните откако Фондот одби да им одобри операција во странство. Под притисок на јавноста министерството попушти и најави – Државата ќе го плати лекувањето на Тамара. родителите на Тамара секојдневно беа маткани низ институциите, со барања – овој документ фали, оној треба да го донесете. Со тек на времето, ситуацијата на Тамара се влошуваше.

И да, знам дека може не треба да правам споредба, ама па ме боли бре и сум револтиран и како родител и како совесен граѓанин кога гледам дека нашите пари се трошат на скулптурите од по 412.000 евра, милион евра се дадени за патни трошоци на пратениците. Така а?! А бе операцијата на ТАМАРА чинеше 30.000 евра!


Затоа прости ни Тамара што нашата наведната глава не ти дозволи да одиш исправено и гордо.

Влатко Васиљ за Фокус – целата колумна на овој ЛИНК.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О