Имено, цел на прислушувањето изгледа не биле само владини претставници... Жртви има и помеѓу “обичните смртници”, какви што се Тошо Малерот и Миле Паника.
Така, деновиве повторно актуелно е хумористичното видео во кое што легендарните јунаци сфаќаат дека биле мета на прислушување, а кое што започнува со вовед на Миле Паника околу тоа што е прислушувањето.
"Гледаш кој, кого кодошел. Пуштиш тука си гледаш, си слушаш, кој што зборел... Тоа ти е бизнис, телефонија! Европа бара транспарентност, зошто си наивен?! Нема веќе трт-мрт, или демократија, или смрт!", вели Миле.
Како завршува оваа авантура на легендарните Тошо Малерот и Миле Паника, дознајте од видеото во продолжение!
