Ова е монструмот кој ја убил убавата српска манекенка во Америка

19-годишниот Хесус Ренџел, покрај манекенката Мирјана Пухар, во станот во Шарлот го убил и нејзиното момче Џонатан Алварадо (23) и Хумар Гарсија (21).

19-годишната американска манекенка со српско потекло Мирјана Пухар, позната по учеството на 21-то издание на натпреварувањето "American's next top model", ја убил 19-годишниот Емануел Хесус Ренџел, пренесуваат странските медиуми.


Тој тинејџер, покрај Мирјана, во станот во Шарлот го убил и момчето на манекенката, 23-годишниот Џонатан Алварадо и 21-годишниот Хумар Гарсија, пренесува Hollywoodlife.com.


Според пишувањето на американските медиуми, Емануел ги познавал сите три жртви. Тој набрзо после убиството бил уапсен и не се противел на апсењето. Според наводите на одредени американски портали, полицијата верува дека убиството е поврзано со дрога.



„За време на истрагата, детективите го идентификувале Ренџел како осомничен во овој случај и го обвиниле за трите убиства. Порано утринава Ренџел беше уапсен без инциденти. Тој беше пренесен во полициската станица каде што беше испрашуван од страна на детективите. Потоа беше обвинет по трите точки за убиство од прв степен. Прелиминарните информации покажуваат дека убиецот се познавал со своите жртви и дека убиствата се поврзани со дрога“, пишувало во соопштението од полицијата.



Како што пренесуваат медиумите, Емануел Хесус Ранџел е поврзан и со уште едно убиство кое се случило на 22 февруари годинава во Северна Каролина.






ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О