Тие го воведоа најбизарниот моден тренд до сега: Влакна под пазувите!?

Кога пред недела дена во една лондонска галерија се појави Скаут Вилис, ќерката на Деми Мур и Брус Вилис, и тоа со влакна под пазувите, јавноста остана шокирана со нејзината одлука да остане во своето природно издание.

Но, колку и да предизвика негативни коментари, оваа девојка не е главен виновник за ваквиот тренд. Скаут имала и од кого да научи, бидејќи таа има многу славни претходнички.


Лондон е очигледно и главно место за промоција на влакната под пазувите, а овој тренд токму во овој град во 1999-тата година го започна Џулија Робертс на премиерата на еден од нејзините филмови.



Кога таа се појави во елегантниот црвен фустан со несредени пазуви, публиката на премиерата буквално не можеше да им поверува на своите очи.



Иако многумина не ни очекуваа дека и таа ќе го поддржи овој тренд, Хали Бери го стори токму тоа. На неа овој пропуст не ѝ пречеше пред пет години на една премиера во Њујорк кога таа се прошета со бизарниот моден детаљ.


Сепак, актерката во ниту еден момент не ја тргна насмевката од своето лице, иако никој од публиката не можеше да го тргне погледот од нејзините пазуви.


Секогаш дотераната Бијонсе во 2007-мата година на британската премиера на "Dreamgirls" исто така го поддржа овој тренд. Елегантната светликава тоалета дефинитивно отскокнуваше од нејзините несредени пазуви.


Бритни Спирс пак во 2008-мата година смело се прошета во студиото во Лос Анџелес со несредени пазуви. Таа воопшто не ни им обрнуваше внимание на папараците.



И секако, храбрата Мадона како и по обичај е најекстремен поборник за ваквиот тренд. Шокантната глетка многу нејзини обожаватели не ни сакаа да ја видат.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О