Истовремено, голем број на косовски Албанци секој ден тргнуваат кон Унгарија, надевајќи се на илегален премин на границата и спас во некоја од земјите на ЕУ. Само во последните 24 часа, унгарската полиција уапсила 864 лица.
Според наводите на некои македонски медиуми, кои се повикуваат на агенциите за продажба на недвижнини, во последните месеци интересот е зголемен, при што тие со длабоки џебови не прашуваат за цена, барајќи имот на атрактивни локации, додека сиромашните се одлучуваат за приградските населби.
Порталот Telegraf.mk пишува дека речиси 80 проценти од новоизградените станови во Тетово и Гостивар ги купиле Албанци од КиМ, а за метар квадратен плаќаат и по 700 евра. Покрај Тетово и Гостивар, Албанците од Косово купуваат и недвижнини во Охрид, но тоа го прават индиректно, за да не предизвикаат негативни реакции кај локалното население.
Приштинските медиуми објавиле дека во минатите неколку месеци од Косово емигрирале 150.000 Албанци, односно околу 6 проценти од вкупното население. Иако оваа бројка звучи неверојатно, истата ја потврдува унгарската гранична полиција, која во последната седмица сопрела речиси 5.000 илегални имигранти.
На територијата на Унгарија во близина на илегалните гранични премини, вчера биле уапсени вкупно 668 лица, од кои 630 од Косово.Најголемата група, во која имало 118 лица од Косово и Метохија, кои илегално ја минале "зелената граница", била уапсена во вторникот во 18:30 часот во околината на Морахалома.
Поради сè поголемиот број на косовски Албанци кои заминуваат во Унгарија, градоначалникот на местото Асотхалома во Унгарија, Ласло Торокај, предложил на тоа место кај границата меѓу Војводина и Унгарија да се изгради ѕид.
"Тоа нема да биде обична ограда, туку како на мексиканската граница. Ќе се воведе и гранична служба која ќе патролира кај ѕидот", рекол Ласло Торокај.

Која е причината? - Резолуцијата за спречување на илегалната миграција во Косово била усвоена минатиот четврток во Косовскиот парламент, со 69 гласови.
Од предвидените мерки, било предложено да се зголеми улогата на владата во поттикнување на економскиот развој, отворање на нови работни места, и создавање на фонд за спречување на илегалната миграција. Амбасадорите од земјите од ЕУ ги предупредиле косовските власти да се подготват да ги примат назад сите косовски Албанци, кои не добиле азил во тие земји