Северина Вучковиќ е една од пејачките на балканската сцена, која со самата помисла асоцира на сексапил. Од ден на ден тоа го докажува и со своите секси, но одмерени фотографии.
Оваа жена постигнува да биде одлична пејачка, редовно да ги полни салите, да биде добра мајка, но и добра домаќинка.
Со својата нова фотографија таа докажала дека "се разбира" и во домашните работи, односно дека чистењето за неа претставува уште една шанса да го покаже својот сексапил.
"Кој не ја тресел ќесата од правосмукалката, тој не знае што се "педесет нијанси на сиво"", напишала пејачката под фотографијата, очигледно инспирирана од филмот "Fifty Shades of Grey".
Па, кој не би посакал дома да има една ваква домаќинка?

