На несреќниот човек му е отсечен носот, имал рана во препоните и искрварил пред да дојде Итната помош. Полицијата и натаму интензивно трага по убиецот, кој според сопругата Нена, која е очевидец, имал околу 50 години.

- Тргнавме кон градот зошто имавме работа, и Стево го заобиколи човекот што беше среде улица. Му свирна, отвори прозорец и му довикна: Од толкав тротоар ти одиш по улица. Напаѓачот се налути и му ја опцу мајката на Стеван, и му пријде и го повика да излезе од автомобилот. Го убедував Стево да остави и да продолжи, но тој човек веќе дојде до прозорецот и низ него го удри со рака, објaснува Нена за српски Курир.
Таа додава дека мажот ѝ се изнервирал од ударот и излегол од возилото, по што двајцата веќе биле на асфалтот. Над Стеван биле нозете на напаѓачот. Се обидував да му помогнам да стане, но тој го држеше носот и последно што ми кажа беше: Душо ми го откина носот, а потоа почна да се гуши, плачејќи го опишувала настанот несреќната жена.

Таа објаснува дека Стеван цело време бил на коленици и дека таа не забележала дека има повреда на препоните.
- Почнав да викам, да барам помош, молев луѓе да викнат Брза помош. Тогаш ми пријде соседот и се обидов на Стево да му ја отворам устата за да може полесно да дише, но и од таму му излегуваше крв. Знаев дека умира и не можев да му помогнам. По 25 минути пристигна полиција, но не и Брзата помош. Им требаше околу половина час, а кога стигнаа само констатираа смрт, вели Нена.

Според нејзините зборови, додека таа се борела за животот на Стево, убиецот со крвави раце заминал во непознат правец.
- Има околу 50 години. Изгледаше како скитник, носеше „виетнамка“ јакна. Не знам дали имаше капа, но забележав дека има шпицеста и зарасната брада. Во рацете носеше платнена торба со темна боја. Од глава не ми излегува сликата како тој во десната рака држи крвава бела кеса, во која веројатно го сокри сечилото, нож или мачета не успеав да видам, доддала таа.
- Се проверуваат снимките од безбедносните камери, за кои се претпоставува дека го снимиле убиецот, велат извори за Курир.

