Нова дрога во Белград: Младите се дрогираат со освежувач на простории!

Портпаролката на Итна помош, Нада Мацура, предупредила дека младите во Белград почнале да користат нов вид на дрога - темјан.

"Неодамна имавме неколку случаи со млади луѓе, кои користеле темјан како дрога", вели Мацура.

Таа додала дека не станува збор за темјан од црква, туку друг вид, кој се користи за освежување на простории.

Мацура предупредила дека станува збор за опасна супстанца, која може сериозно да го наруши здравјето, пренесува Blic Online.

"Дрогата е лоша работа и го уништува здравјето. Кога еднаш сте наркоман, секогаш сте наркоман", порачала таа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О