43-годишниот Адриан Линхам три години водел двоен живот. Тој бил во брак со 37-годишната Лиз, но имал и љубовница, жена по име Хејли Тотердел. Но, одлучил да се ожени и со неа, и тоа на истата плажа во Мексико на која бил на брачно патување со Лиз. За работата да биде уште поневеројатна, не се помачил да најде нов кум, туку тоа бил истиот од првата венчавка. Но, нему му рекол дека се развел од Лиз, а истото им го рекол и на неговите родители.

Адриан често не бил дома, во Бристол, а на Лиз и` велел дека заминува во Бангор, каде што работи како инструктор по нуркање. Но, всушност тој таму живеел со Хејли.
„Од свекрвата добив писмо на 31 август 2014 година. Ми напиша дека и` е жал што сме се развеле со нејзиниот син. Јас се шокирав. Најдов фотографии на Фејсбук од него и Хејли. Потоа, му се јавив на Адриан, а тој одрекуваше се“, раскажува Лиз.

Ниту Хејли не знаела дека Адриан е оженет се додека не го фатиле. Наводно, тие се вериле во август 2012 година, а ја запросил на истата плажа на која подоцна се венчале. После венчавката, Адриан се вратил и продолжил да води двоен живот.
Наскоро Лиз ги открила неговите лаги. Дури и кога имала абортус во декември 2013 година, Адриан ја оставил веднаш следното утро и отишол кај Хејли. Откако ја дознала вистината, била толку многу лута, што го пријавила во полиција, пренесува Daily Mail.
Адриан го осудиле на четири и пол месеци затвор поради бигамија. Неговата друга сопруга Хејли е покрај него.