Македонката која што го живее американскиот сон, Анита Арсова: Работам со светскиот џет-сет

Наша, а светска. Македонката која е познат стилист во Чикаго и работи со најпознатите славни личности. Најдобра во она што го прави, со свој сопствен салон во центарот на ветровитиот град, Арсова Салон. Млада и успешна, го живее својот сон и го работи она што отсекогаш го посакувала. Анита е доказ, дека кога се сака, се се може. Нејзината животна приказна и патот до успехот го дознавате од ова интервју за Точка.

Од кога живееш во Америка?

Во Америка сум веќе 14 години. Дојдовме од Скопје со мојата фамилија кога имав 14 години и од тогаш живеам овде. Го завршив средното училиште во Детроит, Мичиген. Завршив колеџ за графички дизајн, но отсекогаш мојата пасија и љубов беше убавината. Сакав да се грижам за другите, да ги средувам и правам да изгледаат убаво. Се стремев кон тоа, да бидам што подобра во она што сакам да го работам и да успеам во светот на естетиката и убавината.


Како започна твојата прикзна за денес да станеш успееш во Америка и да го живееш Американскиот сон?

Мојата приказна започна кога се осознав себе си и љубовта кон она што сакам да го работам. Рано открив што сакам да бидам и што сакам да работам. Остварувајќи ги моите соништа и визии за она што сакам да бидам, пред 7 години започнав со тренинг за козметика и стајлинг во Чикаго. Мојот сон беше да станам успешна стилистка, фризерка и шминкерка и да отворам свој салон еден ден. После неколку години на ентузијазам, напорна работа, учење, следење на новитетите и трендовите, мојот сон се оствари. Отворив салон за фризура, шминка и стил со моето име, Арсова Салон, кој се наоѓа во срцето на Чикаго.

Која е Анита Арсова? Како би се опишала себе си?

Јас сум амбизиозна, лојална, инспиративна и голем перфекционист. Сакам убави работи, сакам да бидам опкружена со луѓето кои ме прават среќна, сакам да креирам, да правам работи кои ме прават среќна. Се дружам, имам убав социјален живот. Сакам многу да патувам и секој слободен момент го користам да видам и посетам некоја нова дестинација на која не сум била досега. Убаво ми е кога ќе излезат задоволни и среќни од салон кај мене. Тоа значи дека мојата работа ги разубавува и прави да се чувстуваат задоволни и среќни. Верен и голем другар, пожртвувана за оние кои ми значат. Своја сум и пред се, верувам во чуда.



Работиш како стилистка и фризерка во Чикаго, каков е трендот на фризура и шминка во Америка?

Најпопуларните трендови за фризура и шминка доаѓаат од модните недели и американските ѕвезди. Каков ќе биде трендот диктираат креаторите и стилистите на модните шоуа. Тоа го носат Холивудските ѕвезди и станува хит насекаде низ светот. Се знае како се пропагира мода. Најголемите настани во Америка, Оскар, Златен Глобус, Музичките награди се местата каде што се промовираат стиловите, фризурите, шминките. Тоа го прифаат Американците и го применуваат. Сакаат да ги следат тие трендови и да ноат она што е модерно. Нормално е дека има и луѓе кои си го тераат својот имиџ или она што им стои, но поголем дел го следат она што е најново и најактуелно. Затоа некогаш некои работи ќе ги видите дека се носат во Америка, било да е тоа фризура или стил на обекување, за потоа, година дена, стане хит низ цел свет.


Со кои познати личности си соработувала?

Листата на познатите личности на кои сум работела и соработувала е голема. Би ги споменала моделите од Agency Models Ford, Local Chicago Celebrities, Athletics, Factor Women, Elite, BMG, неколку ѕвезди од реалити шоуа и многу други. Тие се професионалци. Тие знаат што сакаат, соработуваат, прифаќаат совети. Некогаш ми се случило да ми кажат да ги средам онака како што јас мислам дека треба. Ми веруваат, а тоа ми е најважно. Сум работела на Модни недели, модни шоуа, едиторијали. Драго ми е што мојата работа се цени, се вреднува, луѓето го препознаваат мојот талент и работа, а тоа посебно ме прави среќна.

Кој бил најголемиот проект на кој што си работела?

Да се биде стилист и лидер во еден фризерски салон е голем проект. Ние како тим во салонот сме активни 24/7, не само правејќи ги нашите клиенти и средувајќи ги нив. Ние работиме на тренинзи кои секојдневно ги изучуваме за она што е модерно и што е актуелно во моментот. Се она што е ново во нашата индустрија ние веќе го знаеме и сме најдобри во тоа. Мора да сме први во се она што е ново и актуелно. Тоа не издвојува од другите и не прави уникатни како име и бренд. Затоа сме најдобри и надалеку прочуени и имамте клиентела која ни верува. Најдоброто од мене допрва следува, а тоа е моја сопствена линија за козметика и шминка. Работев долго на овој проект и наскоро треба да го промовирам на пазарот. Возбудена сум што ги споделувам токму со Вас овие новитети. Ете, среќна сум дека мојата линија за шминка и козмтика, со мое име ќе излезе наскоро.


Ти недостига ли Македонија?
Македонија ја посетувам често, кога имам можност да дојдам до моето родно место, јас тоа го правам. Ми недостигаат пријателите во мојата родна земја. Фамилијата ми е во Америка, но дел од пријателите ми се таму, така што, да, ми недостига Македонија, а тоа го надополнувам со патувањата и посетите.

Кои се твоите планови за 2015 година?

Како што се пофалив претходно, треба да ја промовирам мојата козметика и шминка која што доаѓа сега, пролет/лето 2015, а ќе го носи моето име. Навистина сум возбудена што мојот сон ќе се оствари за сопствена моја козметичка линија, затоа што работам со козметика и шминка, знам кои се недостатоците и што јас сакам да добијам кога шминкам, така што оваа линија ќе биде совршена, ќе ги има сите предности на кои јас внимавав додека се создаваше. Имам планови со Арсова Салон за што поголеми проекти, едиторијали, реклами, задоволни клиенти.


Какви фрузури и шминка бараат американките?

Зависи од градот, околината и за кој дел од Америка станува збор. Насекаде имаат различни барања. Еве конкретно во Чикаго, каде што јас живеам и работам, жените се елегантни и едноставни. Секогаш го одбираат конзервативниот модерен изглед. Такво е опкружувањето, таква е околината. Има разлика кога ќе дојде некој клиент од Њујорк, неговите побарувања се поинакви за разлика од оние кои живеат во Чикаго на пример. Ви направив мала споредба затоа што Америка иако е голема, со голем број на жители, местото кај што живеат е исто многу важно.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О