Затоа е една од најбараните манекенки: Кендис Свонпул се соблече гола

Ликот на прекрасната манекенка Кендис Свонпул ја краси најновата насловна страница на магазинот „Maxim”.

Таа е една од најсексипилните жени на светот, а со своите најнови фотографии на својот профил на Инстаграм, неодамна повторно ги воодушеви своите фанови ширум светот.




Меѓутоа, иако на сцена делува неустрашиво, секси и самоуверено, супермоделот Кендис Свонпул во најновото интервју за магазинот „Maxim” откри дека, всушност, на почетокот од својата кариера била многу срамежлива и дека и` требало доста време за да ја надмине несигурноста и да дојде во фазата во која се чувствува добро во сопствената кожа.


„Научив да се набљудувам себе си во трето лице, затоа што таа девојка на фотографиите не сум јас. Тоа е лик кој го создадов за полесно да се соочам со големото медиумско внимание. Ми требаше многу време за да научам како да ја надминам мојата срамежливост“, изјавила Свонпул и признала дека некогаш ја гризе совеста затоа што живее од својот изглед.


„Чудно е да ја засноваш својата кариера на твојот изглед и поради тоа некогаш чувствувам вина. Но, оваа работа воедно носи и некои негативни работи. Најтешко е кога некој ќе ве одбие. Затоа, многу девојки учат како да се носат со тоа, како ментално да бидат посилни, а истото беше и со мене. Затоа, денес таквите работи не ме погдуваат“, заклучила Кендис.



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О