Заканата на милитантите, кои очигледно никогаш не биле во Рим, предизвика загриженост помеѓу италијанските медиуми, но предизвика и исмејување помеѓу тамошните друштвени мрежи.
Римјаните преку мрежата Twitter започнаа да им делат добронамерни совети на милитантите.
Па така, еден од нив ги советува да бидат внимателни на римската обиколница каде многу лесно можат да останат заглавени во прометната гужва, а друг пак ги опоменува да не доаѓаат со воз, бидејќи тие секогаш доцнат.
И претходно милитантите испраќаа закани упатени кон Италија и Ватикан, па така на насловната страница на еден број на "Dabiq", магазин на Исламската држава на англиски јазик, се појави фото-монтажа со знамето на Исламската држава како се вее на Плоштадот Свети Петар, среде Ватикан.
