Таа го раздвижи Њујорк: Хаос на улиците поради нејзината убавина!

Руската манекенка Ирина Шајк (29) ќе се појави во новиот број на магазинот Sports Illustrated Swimsuit Issue. И додека таа се упатуваше на состанок со уредниците на овој магазин во Њујорк, привлече навистина особено големо внимание на улиците.

Секако, кога низ градот ќе се прошета една ваква убавица, таквите реакции се сосема очекувани.

Ирина на себе носеше едноставен црн фустан, палто, црни чевли и црвена чанта.

Соработката со споменатиот магазин Ирина ја прослави пред неколку дена на забавата која ја организираше токму овој магазин. На забавата освен Ирина присуствуваа и Џиџи Хадид, Хана Дејвис и Лили Олдриџ.

И за забавата, Ирина ја избра токму црната боја.

- За мене е најважно еден маж да биде чесен и верен на својата жена. Тоа се најважните нешта кои треба да ги поседува еден маж, изјави Ирина за E! News.


Таа неодамна ја прекина петгодишната врска со фудбалерот Кристијано Роналдо (30), но според нејзиниот начин на однесување може да се наговести дека Ирина веќе го преболела поранешното момче.

Во интервјуто за E! News Ирина открива дека нема планови за Денот на вљубните, барем не засега. А ако се појави таков чесен маж, би било најдобро нивниот состанок да биде богат со одлична храна и скап шампањ. Како што вели Ирина, таа е Русинка, па ниту еден состанок не би можел да мине без скап шампањ.

- Чоколадо и кул филм. Вчера го гледав "Згодна жена", па за мене токму тоа беше Денот на вљубените, додава Ирина.

Но дали е Роналдо воопшто свесен за тоа што сè пропушта?



ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О