На Јутуб се појавила видео-снимка од жестока физичка пресметка меѓу група косовски Албанци и Алжирци во еден логор за азиланти во Франкфурт.
Според објаснувањето напишано на снимката, до тепачката дошло на 8. февруари оваа година околу полноќ, кога група од 10-тина Алжирци се обидела да се провлече во просторијата во која биле сместени Албанците. Албанците ги слушнале, па започнала тепачка во која биле употребувани и метални шипки.
Девет Алжирци бил претепани и биле во несвест. Најлошото од сè е што обезбедувањето не сакало да се меша, па дозволило да се тепаат околу 45 минути, додека да дојде полицијата.
Во "објаснувањето" било додадено дека тепачката започнала затоа што Алжирците сакале да крадат од Албанците.
