Заедно со слушалката Мелуа во увото внела и бубачка всушност пајак кој изгледа живеел во слушалките! Тој се преселил во нејзиното уво каде живеел недела дена. Најпрвин мислела дека звуците кои ги слуша се доказ дека го губи слухот и се исплашила...Отишла на доктор кој преку камера открил дека има пајак во нејзиното уво.
„Најлудото од се е што освен шушкањето немав претстава дека имам такво нешто со мојата глава. Мислам дека живеел во слушалките и дека така го вметнав во увото. Кога докторот го извади се преплашив“.
