Изгубила 55 килограми, но дури тогаш настанале проблемите

21-годишната Елора Хар од Нов Зеланд успеала да ослабе 55 килограми, но тој губиток донел еден нов проблем – вишок кожа. Во државната болница не сакале да ја оперираат, недостаток на средства било нивното оправдување. Оваа девојка упатила писмо до болницата и министерот за здравје, во кое изнела колку е тежок овој проблем за неа.

„Зошто е тоа така, кога за кратко време станавме нација на дебели луѓе? Зошто операцијата на некој кој успеал да ослабе е толку голем трошок за здравствениот систем, зошто нема средства?“, напишала Елора во писмото кое го упатила во болницата и до министерот за здравје.

За операција чекала шест месеци, а одговорот на лекарите не ја задоволил. „Дознав дека таа операција би ми го променила животот, знам дека би било така. Не сакам да живеам со ваков вишок на кожа, кој не е само физички проблем, туку лошо ми влијае и психички“, додала Елора.

За неа било многу тешко секој ден да го прикрива со облека својот проблем. „Мојата молба не требаше да биде одбиена само затоа што мојот проблем е поразличен.“, пишувало понатаму во писмото на Елора.

Таа се надева дека нејзиното писмо ќе ја промени одлуката на болницата. На Фејсбук страницата„The Shrinking Violet“ оваа девојка со фотографии ја прикажала својата трансформација и на таа страница има 20.000 фанови.

Проблемите со дебелина започнале кога Елора имала 10 години. После татковата смрт, тагата ја лечела со храна. Како што вели, зависноста од храна е иста како и другите зависности, затоа што многу лесно се навикнувате на задоволството кое го произведуваат омилените продукти.

Во 19-та година одлучила да ослабе, била многу уплашена за своето здравје. „Многу се плашев од смртта, никому не можев да му зборувам за тоа затоа што пријателите ме исмеваа поради тоа“, вели Елора.


За рок од две години се ослободила од вишокот на килограми со помош на совети од нутриционисти и тренирање. Така се ослободила од стравот и хроничните главоболки.

Нејзината приказна наишла на одлична поддршка од луѓето на Фејсбук, кои и` упатиле 3.000 евра парична помош за побрзо да ја изврши операцијата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О