37-годишната Американка Алисон Марчиз, која предавала англиски јазик во средно училиште во Медисон, имала сексуален однос со ученик стар 17 години, и тоа во училница, пренесува Daily Mail.
Оваа мајка на две деца, идиличниот семеен живот го прокоцкала кога во 2013 година во нејзината училница дошол 15-годишен ученик кој многу и` се допаднал.
Набрзо, професорката почнала да го заведува. Го повикувала во училница да разговараат насамо, а набрзо станале пријатели и на Инстаграм. Таа му рекла дека не може да се концентрира и да спие, затоа што момчето било толку убаво.
Сепак, со овој тинејџер немала „успех“. На крајот од училишната година тој ја замолил да престане да го контактира.
Два дена пред почетокот на новата училишна година таа му испратила порака во која го обвинила дека „ја изневерил и и` го скршил срцето“.
Професорката ја применила истата тактика како и кај претходната жртва – повици за консултација насамо, дружење на Инстаграм и испраќање експлицитни пораки и фотографии на кои Алисон била полугола.
Во декември минатата година професорката преминала од зборови на дела, таа го повикала ученикот во училница и орално го задоволила.
После тоа, тинејџерот му се пожалил на својот брат, велејќи му дека ќе го излуди и дека му треба помош за да се ослободи од напалената професорка. Тој од неа барал 200 долари за да молчи за она што се случило.
Од друга страна, професорката му се заканила со зборови дека нејзиниот татко е насилен човек кој бил во затвор и дека тој има врска со мафија и може да се „погрижи“ овој ученик никогаш веќе да не може да игра американски фудбал.
Сепак, набрзо после тоа, професорката била откриена. Полицијата за време на испрашувањето и` ги покажала на Алисон експлицитните фотографии кои таа им ги испраќала на учениците. Таа на тоа се бранела со тврдење дека ги направила фотографиите за својот сопруг.
Сепак, тоа не и` помогнало. Училиштето набрзо ја суспендирало, а сопругот ја напуштил. Продолжението за судењето на Алисон е закажано за 2 април, а доколку биде прогласена за виновна и` се закануваат 20 години затвор.