И Американците и остатокот од светот нека знаат дека американската морнарица е една од нашите мети, и дека ни се потребни само 50 секунди за да уништиме било каков американски брод, рекол иранскиот генерал.
Иранската војска потопила 200 метри долг носач на авиони. Во тој напад учествувале и борбени бродови како и хеликоптери на воената авијација.
Целиот случај го пренела иранската ТВ станица.
Сепак, сето ова не е така како што делува. Иранската војска можеби го уништила носачот на авиони, но носач на авиони кој го направиле самите. И самите го прогласиле за американско пловило.
Сето тоа било во рамките на воените вежби кои ги имала иранската војска.
"Нека Американците и остатокот од светот знаат дека американската морнарица е една од нашите мети, и дека ни се потребни само 50 секунди за да уништиме било каков американски брод", рекол иранскиот генерал Мохамед Али Џафари.
Споредба на двете земји кога е во прашање морнарицата:
САД
• 20 носачи на авиони
• 10 Фрегати
• 62 уништувачи
• 72 подморници
Иран
• 0 носачи на авиони
• 6 Фрегати
• 0 унишувачи
• 32 подморници