ВИДЕО: Латас му одговори на Заев по објавените прислушувања

Латас во Дневникот на Сител рече дека веќе паднала фамата дека македонската полиција ги прислушкува македонските граѓани.

-Денес видовме објавени, прислушкувани според нив на првиот човек на ДБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, кои секако сами себе не се прислушкувале, особено не во контекст кој СДСМ го објави. Сега е јасно дека Заев добивал снимки или монтажи од снимки од странски служби, што одговорноста е неколку пати поголема од она што до сега беше, вели Латас.

Новинарот додаде дека манипулациите почнале многу порано, откако денеска беше посочен дека ургирал да добие случаи против тројца новинари кои ги тужел за клевета.

-Сакам да кажам дека такво нешто не постои, јас никогаш не сум добил ниту една пресуда, против македонски новинар за клевета. Тоа што е ваму посочено е жалба за судијка Мирјана Дуковска, која е баба на Јован Деспотовски од извршниот одбор на СДСМ. Сите три случаи кои се првостепено добиени од моја страна како тужител, сите тие три случаи на апелација таа ги поништи и пресуди во корист на интересите на СДСМ, па ако нешто денес покажале СДСМ тоа е дека нивната баба судијка го решила судството за интересите на СДСМ, вели Латас.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О