Критичарите нека зборуваат што сакаат, таа во своја кожа се чувствува одлично!

Кога за миг би се навратиле во претходните години, лесно може да се заклучи дека "буцките" се срамеа да ги истакнуваат своите облини, меѓутоа дека нештата сега се навистина поинакви, доказ е и последното појавување во јавноста на оваа раскошна убавица.

Имено, Ешли Грахам направи голем пресврт во светот на женската мода, појавувајќи се на насловните страници на магазинот "Sport Illustrated Swimsuit", а таа воедно е и првиот т.н. plus size модел на кого ова му успеало.

Атрактивната манекенка, следена со позитивни и негативни коментари, недоамна не ја пропуштила ниту забавата на овој магазин во Њујорк, одново покажувајќи дека е горда на своето заоблено тело.

Така, на црвениот тепих Ешли се појавила облечена во тесен црн фустан, високи потпетици и интересна чанта, а својот изглед го надополнила и со дијамантски накит, притоа смело покажувајќи дека токму таа е онаа која ги поместува границите во модата.

Појавувањето на покрупен модел во споменатиот магазин наиде на бројни комплименти кај модните критичари, помеѓу кои е и Луис Ро, моден експерт и телевизиски водител, кој е воодушевен од ваквата одлука. 


"Во последните неколку години, модната индустрија толку се смени и отвори простро за нови нешта, од трансексуални модели, до се поголемо влијание на блогерите. Одлично е тоа што старите правила се прекршуваат", истакнал тој, додавајќи дека новото издание на овој магазин ќе послужи како инспирација за останатите магазини.

Појавувањето на Ешли Грахам на страниците од овој магазин значи и промоција на разновидноста на женската убавина, но според зборовите на Луис Ро, тоа е исклучително секси потег. 


Стандардните за женската убавина во изминатите неколку години значително се променети, па така, облините со текот на времето станаа се поактуелни и денес тие се речиси основен тренд за убавина.

Овој тренд секако е проследен и со критики затоа што според многумина, облините не се привлечни и ја поништуваат границата која заоблените девојки ги раздвојува од оние дебелите. 


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О