Пристига најголемиот крузер на светот!

Компанијата Royal Caribbean објави детали за новиот крузер "Harmony of the seas", за кој тврди деќа ќе биде најдолгиот брод на светот.

Крузерот ќе биде тежок 227.000 тони, ќе биде долг 362.15 метра, ќе има 16 палуби, 5.479 соби за гости и 2.747 кабини!

Со своите димензии овој крузер дефинитивно го надминува и "Allure of the seas" и "Oasis of the seas" (362 метра должина, тежина од 225.282 тона), кои важат за најголеми на светот, засега.



Изградбата на овој мегакрузер ќе чини 1.35 милијарди долари, а на прва пловидба се очекува деќа ќе тргне во април 2016-тата година.

Во себе ќе има многубројни содржини, од тобогани на повеќе ката, роботски бармени какви имавме можност да видиме на "Quantum of the seas" крузерот, па се до рачно изработен рингишпил.



Кога станува збор за гастрономијата, во понудата ќе се воведат два нови концепта, а тоа е јапонскиот ресторан Izumi Hibachi & Sushi, мексиканскиот Sabor Modern Mexican, како и Starbucks.

Крузерот ќе претставува и најбрза конекција на море, тврдат од Royal Caribbean.


Како и другите два крузери, Harmony ќе биде поделен во седум оддели: Централен, Ројал променада, Рива, Базен, Спортска зона, Виталност, Забава и Зона за млади.

Royal Caribbean моментално изработува уште два брода, "Anthem of the seas", кој ќе заплови во април оваа година и "Ovation of the seas", кој ќе заплови премиерно во април следната година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О