Бездомник му помогнал на странец во неволја, а потоа следело изненадување....

Раскажал како станал бездомник од ноември, кога му изгорел домот.

За време на снежното невреме кое го зафатило Колорадо минатата седмица, бездомникот Шелби Хјугенс му помогнал на еден странец на тој начин што заедно со него го туркал неговиот автомобил...

Сето тоа го снимиле камерите на локалната телевизиска станица, кои се наоѓале на терен.

Прилогот трогнал многу гледачи, а една од нив започнала акција за собирање донации за да му се помогне на Хјугенс. Во рок од пет дена луѓето за него донирале повеќе од 8.000 долари. Покрај тоа, еден од гледачите му платил хотелска соба, а друг му понудил работа.

Шелби Хјугенс бил шокиран. Раскажал дека е бездомник од ноември минатата година, кога изгорела неговата куќа. Од тогаш живее во автомобил со своето куче.

Доброто дело кое го направил, за него би можело да значи нов почеток за подобар живот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О