Руска барбика: Таа има ангелско лице, но тело како вистински ѕвер!

Јулија Винс е 18-годишна Русинка која е исклучително популарна на YouTube мрежата но и во фитнес круговите поради тоа што има исклучително нежно лице, кое уште го нарекуваат и ангелско лице, но нејзините мускули се навистина импресивни.

Јулија Винс е родена во Енгелс, Русија и станува исклучително популарна на интернет мрежата откако објавила неколку фотографии од нејзиното секојдневно одење во теретана.

Таа вели дека започнала да се занимава со бодибилдинг на 15-годишна возраст и до сега за само три години има постигнато дури три светски рекорди.



За оние кои сакаат реално да ја доловат големината на нејзините мускули, со само 65 килограми тежина и височина од само 165 сантиметра, таа има обем на бицепсот од 40.5 сантиметра и половина со обем од 66 сантиметра.



Во едно интервју изјавила дека започнала да вежба за да стане посилна и да има повеќе самодоверба бидејќи била премногу "слабичка", но никогаш не ни сонувала дека ќе стане професионален бодибилдер.


Во првата година од вежбањето таа ја усовршила својата кондиција и не вежбала според некоја конкретна програма, туку само го зацврстувала своето тело. Но после извесно време, по препорака на тренерот од школската гимнастичка сала каде што таа редовно одела, започнала да вежба малку посериозно.

- Луѓето ме познаваат како мускулестата Барбика, а мене ми се допаѓа таа споредба. Имам крупни очи и се шминкам, но во исто време сум многу силна, вели девојката која крева тегови од 180 килограми.


Во август 2014-тата година Јулија го освоила и шампионатот во кревање тегови во Москва.

- Јас сум секогаш нашминкана, дури и кога вежбам. Мислам дека е многу важно да изгледам атрактивно во секој момент. Се грижам и косата да биде средена, ја сакам модата но малку е тешко да се најде облека за мојот конфекциски број, бидејќи отскокнува од стандардите, објаснува Јулија.

Јулија додава дека нејзините родители не се мешаат во нејзиниот животен избор, и вели дека најчесто вежба заедно нејзиниот партнер Сергеј.











ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О