Истанбул парализиран од снежна бура: Сообраќајот блокиран, летовите откажани, Босфор затворен!

Снежното невреме во Истанбул ги приземјило авионите, го сопрело сообраќајот и го затворило Босфорскиот канал, изјавиле денес турските власти.

Турската авионска компанија "Turkish Airlines" соопштила дека откажала повеќе од 300 летови предвидени за денес и утре. Властите повторно го отвориле аеродромот "Ататурк" во 12:50, откако накратко бил затворен.

Во делови на Истанбул за две дена паднале 60 сантиметри снег, па повеќето луѓе биле принудени да одат пешки на работа.

Босфорскиот канал бил затворен утрово во двата правци, а на влезот чекаат најмалку 13 бродови, соопштил бродарскиот агент "GAC".

Повеќе од 800 сообраќајни несреќи биле забележани вчера навечер поради мразот на улиците, соопштиле градските власти.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О