Хорор на Инстаграм: Оваа девојка предупредува на опасноста!

Анорексични селфија објавуваат девојчиња кои имаат само 10, 11 години. Една на друга си се инспирација и поддршка, а станува збор за свет кој моногу внимателно го кријат од своите родители.

Тинејџерка која добила анорексија поради 'thinspiration' фотографиите на Инстаграм, на кои девојчињата се натпреваруваат која е послаба, ја раскажала својата приказна за да ги предупреди другите на опасноста на социјалните мрежи кои ја навеле да се изгладнува. А не е единствената на која ѝ се случило тоа. Такви девојчиња има недолку десетици илјади ширум светот.

Индиа Едмонс, денес 17-годишна девојка, почнала да пати од пореметување во исхраната кога имала само 14 години, затоа што почнала да се споредува со моделите како Кара Делавињ, како и со анорексичните тинејџерки.

Daily Mirror спровел мало истражување на социјалните мрежи и открил дека девојчиња на 10-годишна возраст делат совети за губење на килограмите и кажуваат како се изгладнуваат со денови, без знаење на родителите.

Индиа на 14 години се приклучила на Инстаграм, откривајќи го 'thinspiration' – фотографии на неверојатно слаби девојки.

„Сите на училиште имаа профили на Инстаграм, а мене ми се чинеше дека сите девојчиња се послаби и поубави од мене“, раскажала таа.

Наскоро почнала да ги намалува оброците на храна, се додека еден ден не дошла до тоа на ден да јаде само три лажици овошно желе и чаша сок од грејпфрут. Незадоволна од своето тело кое за неа не било доволно слабо, дневно поминувала и до три часа во теретана или на базен. После шетс месеци и советите кои ги добивала од „сопатничките“ на Инстаграм, имала само 38.5 килограми. Еден ден се онесвестила и мајка ѝ ја одвела во болница.

Иако на сите им било јасно дека изгледа како скелет, Индиа не била свесна за својата анорексичност. „Мислев дека навистина сум убава. А јас бев скелет, како некој кој умира“, раскажала таа.

Во болница поминала шест месеци, а ја хранеле присилно низ цевчиња. „Докторот ми рече дека ќе умрам ако не јадам, но јас сеедно не можев“, раскажала Индиа.

Сепак, успеала да закрепне и денес има 47 килограми. Погледнете го видеото со нејзината приказна:



Но, интернетот и понатаму е преполн со девојчиња кои своеволно гладуваат. Ана има 12 години и 2.000 следбеници кои сакаат да бидат како неа. А таа е како скелет. Висока 150 сантиметри има само 37 килограми, а целта ѝ била да има 35. Нејзиниот дневен рекорд е – нула калории. Секој ден им пишува на своите следбеници како се обидува да јаде се помалку, а тие ѝ зборуваат колку убаво изгледа иако на неа има само коски и кожа.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О