Поранешниот шеф на британската авијација предупредува: Ако Путин нападне, немаме шанси...

Доколку Владимир Путин сака навистина да ја нападне Велика Британија, нема да прати само два бомбардери, рекол пензионираниот пилот на Кралската авијација.

Нашата земја не може да се одбрани од воената закана која ја претставува Русија, тврди некогашниот командант на воената авијација на Велика Британија.

Сер Мајкл Џејмс Грајдон, тврди дека Велика Британија не би можела никако да се одбрани од евентуален напад на Русија, од проста причина што одбраната на Велика Британија е слаба.

"Едноставно, ќе бидеме во милоста на Русија", рекол Грајдон.

Неговата изјава доаѓа ден по серијата инциденти во кои борбените авиони од Русија во последните неколку месеци повеќе пати влегле во воздушниот простор на Велика Британија.
Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, по овие инциденти изјавил дека на истите не треба да им се дава големо внимание.

"Ние имаме борбени авиони, силна одбрана, способни пилоти кои можат да ја одбранат Велика Британија", рекол Камерон.

Меѓутоа, Грајдон вели дека се сомнева дека Британија би можела да се одбрани од напад или војна против Русија.

"Ова се провокации кои доаѓаат од Русија, бидејќи тие ја проверуваат нашата воздушна одбрана. Доколку Владимир Путин сака навистина да ја нападне Велика Британија, нема да прати само два бомбардери, туку многу повеќе и сосема сигурно ќе го уништи нашиот систем на одбрана", рекол пензионираниот пилот на кралската авијација.

Споредба на борбените авијации

Русија:

• Вкупно: 3.429

• Ловци: 769

• Хеликоптери: 1.120



Велика Британија:

• Вкупно: 939

• Ловци: 89

• Хеликоптери: 402

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О