Научниците од Универзитетот во Оксфорд составиле листа во која наведуваат на кои начини би можело да се уништи човештвото. Тие додаваат дека целта на истражувањето е да се покаже како тежината на предизвиците може да помогне во соочување со тие закани и да отвори пат кон одржлив развој.
„Ова е научна проценка која е повик за делување кој се темели на претпоставката дека човештвото може да одговори на предизвиците и истите да ги претворат во свои предности“, наведуваат научниците.
Екстремни климатски промени
Изгледите на глобалната координација во запирање на климатските промени, авторите ги гледаат како најголем фактор на кој може да се влијае во тоа да се спречи глобална катастрофа. Научниците предупредуваат дека влијанието на климатските промени би можело да биде најголемо во најсиромашните земји и дека масовните смртни случаи поради глад и големите миграции би можеле да предизвикаат глобална нестабилност.

Нуклеарна војна
Иако нуклеарната војна е доста помалку веројатна отколку што беше во минатиот век, научниците и понатаму предупредуваат дека според доказите и понатаму постои потенцијал за намерен или случајно предизвикан нуклеарен конфликт. Во иднина, на тоа најмногу ќе влијае начинот на кој ќе се развиваат односите измеѓу нуклеарните сили.
Глобална пандемија
Научниците мислат дека има причини за да се сомневаат дека ваква глобална епидемија е многу поверојатна отколку што обично се мисли. Способноста за реакција на глобалните медицински системи е клучна во спречување на катастрофи, но најголема закана е тоа дали постои болест која е надвор од контрола или не.
Удар од голем астероид
Доколку би удрил астероид во Земјата, главниот дел од уништувањето не би бил од самиот удар, туку од облакот прашина и честичките кои би завршиле во горните слоеви од атмосферата. Тоа би можело да влијае на климата, биосферата, но и залихите на храна и да предизвика политички нестабилности.

Како и кај ударот од астероид, најголемата закана од ерупција на супер-вулкан би била во глобалниот облак од честички кој би го блокирал протекот на Сончеви зраци и би предизвикал глобална зима. Последиците од ваква историска ерупција би биле споредливи со нуклеарна војна.
Еколошка катастрофа
Научниците велат дека човештвото мора да го сочува екосистемот или да се надева дека цивилизацијата нема да стане зависна од него. Изумирањето на видовите сега е многу побрзо отколку што било во минатото. Се предупредува дека луѓето мора да развијат стабилни економии за да можат да преживеат еколошка катастрофа.
Распаѓање на глобалните системи
Светските економски и политички системи се состојат од многу членови со различни цели и меѓусебни односи. Ваквите чувствителни и поврзани системи се подложни на неочекувани падови предизвикани од структурата на тие мрежи. Економски колапс би можел да доведе до хаос во општеството и немири.
Нанотехнологија
Иако научниците се залагаат за нанотехнологијата како пат за решавање на многу проблеми, истражувачите веруваат дека таа би можела да биде и извор на многу проблеми. Нанотехнологијата би можела да отвори пат до едноставно производство на голем арсенал конвенционално или ново оружје. Ќе биде клучно да се види дали може да се користи и во конструкција на нуклеарно оружје.
Вештачка интелегенција
Екстремната вештачка интелегенција нема да може лесно да се контролира и би можела да се обиде да ја подобри својата интелегенција и да дојде до што повеќе ресурси. Загрижени, научниците велат дека клучен фактор во нашето преживување би можело да биде тоа дали ќе имаме еден доминантен систем или цела низа на вештачки интелегенции. Тие додаваат дека моќна вештачка интелегенција би можела и едноставно да ги реши останатите проблеми од овој извештај.

Идни лоши влади
Пораката овде е тоа дека политичарите не доаѓаат до решенија за наведените проблеми, туку и тие самите би можеле да бидат ризик по човечкиот вид. Научниците велат дека се можни две крајности, дека нема да се решат проблемите кои е можно да бидат решени и дека со нивните постапки ќе предизвикаат уште полоши последици.