За овој едиторијал за Точка, пред фото-објективот на Владимир Георгиев ги гледате овие згодни македонки во модели на Sport Vision, најдобриот партнер за избор на спортска опрема, каде може да најдете сè на едно место, преку 40 познати светски брендови.
За елеганцијата на девојките се погрижи бутик Инфинити.

Ивана Каратукова: Ја сум физички активна откако знам за себе. Моја прва љубов е класичниот балет со кој се занимавав 10 години, во мегувреме се запознав со пилатес техниката и до ден денес секојдневно ја практикувам.

Вероника Окановиќ: Линијата ја одржувам со правилна исхрана и активно вежбање. Кога како зависи од денот и од обврските, обично гледам да е 4 пати неделно, затоа што само со вежбање можам да одржам континуитет што се однесува на мојот изглед и кондиција.



